Дел од општина Аеродром денес ќе остане без вода

Дел од општина Аеродром денес ќе остане без вода за пиење во периодот од 9 часот, па се до завршување на интервенцијата. 

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денес поради менување на вентил во шахта на бул. Трета Македонска Бригада бр.61 во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од бул. Трета Македонска Бригада, како и објектите на УБК и Жито Лукс.