Дел од населбата Автокоманда утре без вода

Прекинато водоснабдување утре од 09:00 часот ќе имаат корисниците во околината на Металскиот Завод Тито, Тинекс маркетот, Електометал, Форма нова, Бриколаж, Мерцедес и Фон универзитетот.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, водоснабдувањето е прекинато поради уличниот дефект ф 500мм на улицата „Перо Наков“ пред Металски Завод Тито, втора капија.

Корисниците ќе останат без вода до завршување на интервенцијата.