Дел од Кисела Вода утрово без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска на ул.Чедомир Кантарџиев бр.18 во Кисела Вода има уличен дефект Ф-150мм.

Од тие причини со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Чедомир Кантарџиев и дел од ул.Св.Наум Охридски од 09:00 часот до санирање на дефектот.