Дел од Кисела Вода денес без струја

Од 7 до 18 часот струја ќе немаат корисниците од објектите во индустриската зона на булевар „Борис Трајковски“ лоцирани на потегот од населба Пинтија кон село Батинци во општина Кисела Вода.

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.