Дел од Кисела Јабука денеска без вода

 Прекин во водоснабдувањето денеска од 9:30 часот имаат дел од жителите од населбата Кисела Јабука во Скопје лоцирани на улиците „10“, „40“, „42“, „44“ и „46“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на водоводната мрежа на улица „44“ бр.13 во населба Кисела Јабука.

Корисниците ќе бидат без вода се до отстранување на дефектот.