Дел од Карпош и Бутел денеска без струја, еве каде ќе нема вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (петок), без електрична енергија ќе останат:

- од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. 1558 во нас. Радишани. (Општина Бутел)

- од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од кула бр. 1 на ул. Никола Парапунов, (кај стара телевизија). (Општина Карпош)

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ги известува граѓаните дека, денеска (петок):

-Поради отстранување дефект на водоводна мрежа, на ул. Цицо Поповиќ, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Пролет. (Општина Центар)

-Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф – 150 мм, на улица Исаја Мажовски бр. 19, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. (Општина Ѓорче Петров)