Дел од Карпош денеска без вода, струја ќе нема во повеќе општини во Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници: 

• од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Добри Дол. (Oпштина Сопиште)

• од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од нас. Белви, мотел Белви и сите стопански објекти во посочениот реон. (Oпштина Илинден)

• од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од од објектите во околината на Бензинска пумпа - Дет Оил на ул. Перо Наков бб. (Oпштина Гази Баба)

• од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од с.Кучково. (Oпштина Ѓорче Петров) 

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека денеска поради технички зафати во водоводната мрежа, (изведување на приклучок), на ул. ул. Панче Пешев бр. 7б, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Панче Пешев, Римска , Бахар Моис, дел од Атинска, дел од Анкарска, Наум Евро и Њуделхиска. (Општина Карпош).