Дел од јапонските цреши заминаа во историјата

Дел од јапонските цреши на улицата Максим Горки во центарот на Скопје заминаа во историјата.

Утрово екипи на јавното претпријатие задолжено ја одржување на зеленилото во градот исекоа дел од дрвјата кои беа украс на оваа улица и препознатлив белег на централното градско подрачје.

За сега нема официјална информација зошто е направено сечењето, поради болест на дрвајта или за тоа има друга причина.