Дел од Ѓорче претпладнево без струја, вода ќе нема во Карпош

Поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа, денеска, четврток, без напојување со електрична енергија ќе останат корисници во општината Ѓорче Петров.

Во период од 09:00 – 13:30 часот, дел од корисниците од ул 51, во Стопански двор во Волково во општина Ѓорче Петров ќе бидат без струја. 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ги известува граѓаните дека денеска (четврток):

- Поради дефект во шахта Ф-2цола на ул.Васил Чакаларов 4 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот (општина Карпош).