Дел од Гази Баба утрово без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат корисниците на Инџиково.

Оттаму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-150 милиметри на улицата „2“ Инџиково (во близина на градинката), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Инџиково.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.