
Едно скопско село денеска со часови ќе биде без струја, вода ќе нема во Центар.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Кучково, општина Ѓорче Петров. Прекинот ќе биде во периодот од 09.00 до 16.00 часот.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.
Како што информираат од таму, поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.