Дел од една скопска општина денес ќе остане без струја

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Општина Чаир.

Според најавата, прекинот во снабдувањето со струја ќе биде во периодот од 07:30 до 13:30 часот и ќе ги зафати дел од корисниците во Старата скопска чаршија, односно улиците „Покриена Чаршија“ и „Самарџиска“.