
Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-100 мм на улицата „Драчевска“ бб, во близина на црквата, утре (четврток) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот ќе започне од 08:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.