Дел од Драчево речиси цел ден без струја

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска (сабота) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населбата Драчево, општина Кисела Вода.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е планиран во периодот од 08:00 до 15:00 часот, а ќе ги опфати корисниците од улицата „Иван Хаџиниколов“ број 5 во Драчево.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски за време на планираниот прекин на електричната енергија.