Дел од демонстрантите ја нападнаа полицијата, организаторите ги смируваат тензиите

Дел од демонстрантите го нападнаа полицискиот кордон, кој го сопре протестот за „Монструм“ кај ТЦ Мавровка, не дозволувајќи им да продолжат кон судот. Организаторите на протестот ги смируваат страстите со одбранбена линија составена од демонстранти, кои се обидуваат да спречат ескалација.

Сепак, полициските сили во неколку наврати беа нападнати, но ја задржаа својата позиција и не реагираа на провокациите од демонстрантите.

Албански и американски знамиња, како и она на „Голема Албанија“, се зборува за диктатура и корумпирано судство.