Дел од Центар утре без вода, струја ќе немаат повеќе потрошувачи

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (четврток) поради менување на вентил ф-300 мм на ул. 11-ти Октомври бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од бул.Кочо Рацин до Тутунски Комбинат).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот (општина Центар).

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека утре (четврток ) без електрична енергија ќе останат:

- во период од 08:00 часот до 15:00 часот, без напојувањe ќе останат потрошувачите на улицата лево од Електро Микица и потрошувачите на главната улицата кон Илинден (општина Илинден)

- во период од 09:00 часот до 15:00 часот, околина на пристапниот пат до манастирот СВ Архангел Михаил и поштата во с.Кучевиште. (општина Чучер Сандево)

- во период од 09:00 часот до 14:00 часот, дел од потрошувачите на с.Кучково (околу Чешма на средсело и пат с.Кучково- с.Грачани) (општина Ѓорче Петров).