Дел од Центар и Карпош без вода, струја ќе нема во дел од Гази Баба

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (четврток), без електрична енергија ќе останат:

- од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. Финска од бр. 100 до бр. 108. (Општина Гази Баба)

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ги известува граѓаните дека денеска (четврток), :

- поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ма ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бб, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул. Аминта Трети до ул. Костурски Херои (вклучително Клубот на пратеници и амбулантата Идадија), како и делови од улиците: Коле Неделковски, Златко Шнајдер и Шумадиска. (Општина Центар)

- поради отстранување дефект на водоводна мрежа на ул. Скупи бб, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Скупи, Момин Поток и место викано Криви Дол. (Општина Карпош)