Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и канализација - Скопје, информира дека денеска поради промена на затварач ф 2“ на улицата Црвена Скопска Општина бб прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, Министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти во општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.