Дел од Центар денеска без вода

Без вода денеска од 9 часот претпладне се корисниците во Општина Центар.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопштуваат од РЦУК, е поради дефект на затворач од Ф – 300 мм на улица „Кирил и Методиј“ во близина на Дом на Градежниците во Општина Центар.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.