Дел од Центар денес без вода

Од ЈП Водовод и канализација, Скопје, со известување за прекин во водоснадбувањето во текот на денот (30.09.2022):

Имено, од претпријатието известуваат дека поради дефект на ПП хидрант ф-80 мм на бул. Кузман Јосифовски Питу (пред Народна банка на Македонија), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно потегот од Народна банка на Македонија до Железничка станица - Скопје.

Од таму информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектот.