Дел од автобусите денеска сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП Скопје информира дека денеска, петок (31.07.2020 год) поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Во понеделник (3.08.2020 год), поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.