Дел од Аеродром, Карпош и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија денеска ќе останат следните корисници:

• Од 08:00 до 15:00 часот корисниците од ул. 4 и ул. 8 во с. Горно Соње (Општина Сопиште);

• Од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците од ул. Никола Тесла бр.18/2 (Општина Карпош);

• Од 09.00 до 12:00 часот корисниците од Ул .Коста Новаковиќ бр.20/1 (Општина Аеродром);

• Од 10:00 до 13:00 часот корисниците од улиците: Струшка, Кораб, Јуриј Гагарин и дел од ул.Козле (Општина Карпош).