Дел од Аеродром и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:

- од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов крак - 5, општина Аеродром;

- од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на потегот од Китка кон Солунска Глава, вклучувајќи ги и викендиците на Китка и местата: Алдинци, Преслап, Палиград и Караџица, општина Студеничани.