Дел од Аеродром без вода поради уличен дефект

ЈП Водовод и канализација-Скопје информира дека поради уличен дефект од Ф-80мм на Булевар „Јане Сандански“ до Мајчин Дом во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Васко Карангелевски“ број 23, 24 и 25 од 10.15часот до санирање на дефектот.