Декоративни чадори и коцки кај Рекорд: Скопје накитено во новогодишно руво

Град Скопје на својот официјален фејсбук профил објави неколку фотографии од новогодишното украсување на метрополата кое викендов завршило на повеќе скопски булевари и сообраќајници.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk) on

Како и минатите неколку години, така и оваа фирмата Линк Медиа Плус повторно го доби тендерот за новогодишно украсување на главниот град кој заедно со оној за украсување на ГТЦ надмина 300.000 евра и е најскапото досега.