Декемвриска салата! Зимски специјалитет!

Декемвриска салата, како што самото име кажува, оваа салата е идеално предјадење во ладните зимски денови!

Состојки:

450 гр. ротквици
100 гр. фета сирење
2 тврдо варени јајца
1 лешел лук
150 гр. кисели краставички
100 гр. мајонез
100 гр. кисела павлака
Бибер, по вкус
Сол, по вкус

 

Начин на подготовка

Измијте ги ротквиците, излупете ги, па повторно измијте ги. Со кујнска четка истријте ги, посолете и оставете ги да отстојат 10тина минути. Потоа, добро процедете ги ротквиците. Додадете го претходно издробеното фета сирење, изгмечен лук и јајца. Киселите краставички насецкајте ги ситно и додадете ги во смесата. Додадете сол и бибер по ваша мерка. На крајот, додадете ја киселата павлака и мајонезот и добро изматете за смесата да се соедини. Послужете веднаш, салатата е најдобро да се косумира веднаш по подготовката. 

Совет

Наместо мајонез, можете да користите само кисела павлака или пак, цврст јогурт и кисела павлака. Исто така можете да додадете,  доколку сте љубител, црни маслинки.