Декември во Gold Felicia Tetovo стартува со силен музички викенд

Ресторан Gold Felicia Тетово продолжува со вториот викенд од празничната програма, која веќе се покажува како една од најпосетените во регионот. Од 4 до 6 декември гостите ќе имаат можност да следат три различни музички настапи.

На 4 декември настапува Laura Karliu, позната по стабилниот вокал и чистиот, професионален настап. Нејзиниот перформанс претставува јасен почеток на викендот и на музичната понуда што следува.

На 5 декември во Тетово пристигнува најбараното сценско шоу во Македонија – Cabaret Show. Програмата е позната по силниот визуелен концепт, силните вокали  и внимателно структуриран сценски настап кој редовно привлекува голем број посетител. Публиката во Тетово ќе може да го види ова шоу во својот град.

На 6 декември на сцената излегуваат Kuku Lele, група која секогаш има висока енергија и силна интеракција со публиката. Нивните настапи се препознатливи по динамиката и по тоа што создаваат вистинска забава до самиот крај.

Овој викенд е само дел од декемвриската програма во Gold Felicia Тетово, која продолжува со концерти, кабаре настапи и специјални празнични вечери.

Резервации: +389 77 865 865
Локација: Скопски пат бр. 1, кај бензинска Макпетрол (Желино)