Декември нека биде месец исполнет со магија, љубов и среќа – тоа на сите ни треба

Пристигна декември, студен месец кој обично со себе носи ладно време, дебели џемпери и многу чаеви. За некого декември е месецот на предновогодишни и новогодишни забави, слави, китење елка и новогодишни и божиќни празници. Декември е многу работи за многу луѓе, но тоа е и месецот кога нурнуваме и размислуваме за годината што измина и размислуваме за годината која се наближува.

Годинава, наместо да размислуваме и да се преоптоваруваме со анализи, ајде повеќе да внесеме магија во нашите животи. Годинава е доказ дека ништо во животот не ни е загарантирано и дека сè може да се смени и изгуби во еден миг.

Ајде повеќе да се смееме, ајде да не глумиме нешто што не сме на социјални мрежи, ајде да ги исклучиме телефоните и да бидеме среќни во спокојот на нашиот дом. Повторно да ја почувствуваме љубовта во целиот нејзин полн сјај. 

Ајде да ја накитиме елката и тоа годинава да ја накитиме најубаво досега, за инает!

Ајде да најдеме нешто со кое ќе се смееме на глас, како никогаш досега, за инает!

Ајде да го направиме декември магичен месец, за инает!

Ајде барем овој декември да не живееме за лајкови и аплаузи.

Ајде овој декември да добиеме нула лајкови, но најмногу љубов. Вистинска. Домашна. Најубава!