Дејан Митевски и Бобан Стефковски се партиски адути на ВМРО ДПМНЕ за Аеродром и Гази Баба

Актуелните претстедатели на општинските организации во Аеродром и Гази Баба се партиските адути на ВМРО ДПМНЕ за локалните избори кои следат. Неофицијално Дејан Митевски во Аеродром и Бобан Стефковски во Гази Баба ќе ги трчаат градоначалничките избори за кои е се поизвесно дека ќе се одржат на средината на октомври.

Освен двете неофицијално потврдени имиња, партијата се уште анализира кои ќе бидат нејзините кандидати за Ѓорче Петров и Кисела Вода. За првата општина се споменуваат двајца доктори: Александар Стојкоски и Ленче Неловска,  а за втората дилемите се водат помеѓу партиските функционери Иван Живковски и Орце Ѓеоргиевски.

Дел од медиумите пишуваат дека и за градската фотеља веќе е стеснет избор во ВМРО ДПМНЕ. Коце Трајановски, академик Живко Попов или професорката Никица Мојсовска , 24вести објави дека од нив Мицкоски ќе треа да го избере фаворитот кој што ќе му се спротистави на Петре Шилегов за Скопје.