Дефектолозите со лоши податоци; Бројот на децата со проблеми во говорот се зголемува, причините се различни

Бројот на децата со проблеми во говорт се зголемува. Причините се различни, а периодот на оспособување на овие деца за секојдневниот живот и за образование е макотрпен и долготраен. За надминување на говорните проблеми со децата неминовнио е да работи дефектолог логопед, но и родителите, семејството.

Дефектолозите велат дека денешните деца на извесен начин се запоставени, но има и такви кои се раѓаат со овие аномалии.

„Откако ќе се роди детето, првите контакти со мајката се до три години, контактот со мајката и со родителот треба да биде око во око. Зборување уште од малечко, да му се гука. Детето се раѓа без информации.Тие информации му ги ставаат прво родителите.“- велат тие.

Брзиот живот на родителите доведува до тоа што првото она што тие ќе му го дадат на детето за да биде мирно се телефоните, или вклучените тв екрани. Тоа не може да го развие мислењето кај детето.

Дефектолозите препорачуваат до родителите, децата да не ги препуштаат на технологијата и да не ги оставаат сами на себе.

„Децата сега сè повеќе се внатре. Нема играње, мисловни игри, нема развој на мислењето. А сите сензорни центри треба да се развиваат подеднакво. Играта на децата е многу битна, скокањето, рипкањето, играњето надвор.“- додаваат стручните лица.

И покрај то што ова е сериозен проблем кај децата, од здравствени причини одземање на говорот се јавува и кај повозрасните. И тие имаат потреба од работа со логопед.