Дефекти на повеќе локации - Околината на Скопје без вода

Дефекти во водоводната мрежа остави без вода повеќе локации низ главниот град! 

Од скопски Водовод утрово известуваат за прекини на следниве локации: 

- поради дефект на водоводна цевка Ф100мм.на улица Христо Татарчев 79 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Христо Татарчев крак 14 и дел од улицата Христо Татарчев во Припор. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:10 часот до завршување на работните активности. 

- поради дефект на водоводна цевка Ф100мм.на улица 1 бр13 с.Ново Село со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата с.Ново Село. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности. 

- поради дефект на водоводна цевка Ф80мм.на улица 1 бб. с.Моране со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата 1 с.Моране. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:50 часот до завршување на работните активности.

- поради дефект на водоводна цевка Ф80мм.на улица 1 бб. с.Батинци со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата 1 с.Батинци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:50 часот до завршување на работните активности.