Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дефект на 10kV извод во трафостаницата „Југ Нова“ утрово предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од централното градско подрачје на Скопје, вклучувајќи го и Клиничкиот центар и околината.

Екипи на Електродистрибуција излегоа на терен со цел да извршат префрлување на корисниците на алтернативни напојни точки за што поскоро нормализирање на снабдувањето. Дел од клиниките кои располагаат со агрегати, функционираа непречено.

Сепак, според последните информации од терен, проблемот е саниран, а електричната енергија полека се враќа кај корисниците. Она што е, исто така, важно краткиот прекин на електричната енергија не го наруши работењето на Клиничкиот центар.