
Повеќе улици во Радишани претпладнево без вода.
Од скопски Водовод информираат дека денеска поради уличен дефект на ул.Иван Мештровиќ бр.11, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Иван Мештровиќ, Иван Мажураниќ, Методија Патчев, дел од Антон Димитров и дел од Ратко Митровиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.