Дефект остави дел од Скопје без вода

Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф80 мм на улицата „Иван Манолев“ бр. 109А, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.

Од надлежните информираат дека прекинот на водоснабдувањето започна од 12:30 часот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на работните активности.