
Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф 1”(цол) на ул.Товарник 15а, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Товарник и дел од корисниците од ул.Сречко Пужалка. Прекинот е почнат од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Исто така, денеска поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф-100 мм на ул.Димитар Благоев бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Благој Мучето, ул.Ѓорѓи Андревиќ Кун, ул.Ернест Телман и ул.Дете Татуличе. Прекинот е почнат од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.