Дефект остави без вода неколку скопски улици

Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради уличен дефект ф 110 мм на ул.1 бр.95 во Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од од Батинци. Прекинот ќе биде од 10:00 часот до завршување со санирање на дефектот.

Исто така денеска, поради уличен дефект ф 80 мм на ул.10 раскрсница со ул.4 во Бардовци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.4 и дел од ул.10. Прекинот е од 09:30 часот и ќе трае до завршување со санирање на дефектот.