Дефект остави без вода една скопска улуца

Без вода уште еден дел од Скопје. 

Поради дефект на приклучна цевка ¾ на улицата „Св. Прохор Пчињски“ број 80, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:15 часот, па сè до завршување на санацијата на дефектот.

Екипите ќе работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.