Дефект остави без вода две скопски улици

Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на ул.Анри Барбис бр.42, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Анри Барбис и ул.Карл Либнехт.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:10 часот до завршување со санација на дефектот.