Дефект остави без вода две скопски улици

Од скопски Водовод информираат дека денеска поради уличен дефект на ул.Јани Лукровски 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Јани Лукровски и дел од Трифун Хаџијанев.

Водоснабдувањето е прекинато од 09:30 часот, а прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.