Дефект остави без вода дел од Скопје на пеколните температури

Од скопски Водовод информираат дека денеска поради уличен дефект од ф-150мм на ул.Даме Груев бб (кај Полициската станица Беко), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Даме Груев, потегот од Полициска станица Беко до ул.Димитрие Чуповски и катната гаража.

Водоснабдувањето е прекинато од 09:00 часот, а прекинот ќе трае до завршување на работните активности.