Дефект го остави Припор без вода

Од скопски Водовод известуваат за прекин во водоснабдувањето утрово.

Поради дефект во Пумпената станица Припор, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од висока зона Припор, а прекинот ќе трае од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, соопштија од ЈП Водовод и канализација-Скопје.