Дефект го остави Батинци без вода

Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф80мм на ул.7 бр.14б во село Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Батинци.

Прекинот е започнат од 08:15 часот утрово и ќе трае до завршување на работните активности.