Дедо тешко повреден во сообраќајка во Скопје: Со моторот удрил во „Југо“

На 24.08.2018 година околу 11:45 часот во Скопје на крстосница од улица „Борис Сарафов“ и улица „Крсто Јаковски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо темпо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(26) од Скопје, и моторцикл „Томос“, исто така со скопски ознаки, управуван од Д.А.(70) од Скопје.

Д.А. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.