
58-годишен возач со „фолксваген туран“ прегази повозрасен скопјанец на крстосница. Пешакот е тешко повреден.
- На 11.05.2026 околу 07:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Бранко Заревски“ и ул. „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.М.(58) од Скопје, удрило во пешакот Ј.М.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.