Дедо Мраз вo петок ќе дели пакетчиња во Бутел

Општина Бутел подготвува богата новогодишна програма која ќе се одржи в четврток и в петок под мотото „Општина Бутел во новогодишно руво блесна. Насекаде се слуша смеа и песна“.

Од општината информираат дека програмата ќе се одвива спроти простории на општината, кај ТЦ„ Живко Брајковски“, а ќе настапат деца од градинките и учлиштата, како и фолклорни и културно-уметнички друштва.

– Најинтересно за децата ќе биде в петок во 15 часот кога најмладите ќе го пречекаат Дедо Мраз, по што ќе бидат извлечени среќните новогодишни пакетчиња. Граѓаните ќе ги забавуваат повеќе естрадни ѕвезди-„Куку леле“, Адријан Гаџа, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски и други – велат од Општината.