Дедо бил искасан од два пит була во Влае, кривична за сопственикот

Кривична пријава против 24-годишник чии кучиња во Влае искасале 79-годишен скопјанец. Инцидентот се случил минатата година. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(24) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 08.11.2022 во населба Влае во Скопје, две кучиња од расата пит бул, сопственост на пријавениот, кои шетале без надзор, го нападнале Б.С.(79) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди, соопштија од полицијата.