Дечињата од градинката "Росица", во посета кај градоначалникот Наумоски

Најубавите подароци стигаат од најмалите. Денеска градоначалникот Александар Наумоски имаше чест работниот ден да го започне со новогодишна песна испеана од дечињата од градинката ,,Росица,,.

Разменија  новогодишни подароци. Желбата на сите родители е нивните деца да се згрижуваат и воспитуваат. Проширувањето на капацитетите на градинките ни е еден од врвните приоритети.

-Се надевам дека следната година нашите зацртани цели ќе почнат да се остваруваат, вели градоначалникот. 

Планирано е да оточне со градба градинка во Стопански Довор и Волково, со капацитет за околу 270 дечииња.