Дечињата од градинката 8ми Март во посета на ЈП Водовод и канализација – Скопје (фото)

По повод успешно завршената недела на водата, дечињата од градинката 8ми Март, од Општина Кисела Вода, се сретнаа со директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г. Душко Весковски.

На средбата на дечињата им беа подарени пригодни подароци, кои ќе придонесат за подигнување на свеста за значењето на водата и за зачувување на здравата животна средина.