Дечињата од Аеродром порачаа: Пешачете и возете велосипеди!

Европската недела на мобилност беше одбележана со повеќе активности во Општина Аеродром.

Децата од предучилишна возраст од градинките „Буба Мара“ го одбележаа денот без автомобили возејќи велосипеди и упатувајќи пораки до возачите повеќе да користат превозни средства што не го загадуваат воздухот.
Исто така, дечињата од градинките „Калинка“ и „Срничка“ денеска пешачеа по кејот на реката Вардар, од хотел „Порта“ до хотел „Дабл три Хилтон“, вежбаа и се едуцираа за придобивките од пешачењето.
Во одбележувањето на Неделата на мобилност се вклучија и учениците од четврто одделение од ООУ „Ѓоргија Пулевски“, кои возеа велосипеди по кејот на Вардар од училиштето до Градскиот парк и назад.