Децата си заминуваат, а ние остануваме

Кога би се развеле, дали повторно би се оженил? – внимателно ја следам реакцијата на мојот сопруг. По кратка пауза и мирен израз на лицето, тој ми одговара:

- По бракот со таква жена како тебе, интелигентна, убава и со убави доблести, тешко дека би можел да бидам среќен со некоја друга.

Живеам со овој човек речиси половина живот. За 25 години, израснавме 3 деца, купивме стан, исплативме кредит и купивме викендица надвор од градот. Поминавме големи и мали кризи, на секои пет години по една. Се радувавме на родендени, слави, матури, дипломски.

Тивко е во нашиот мал стан денеска. Нашите деца се секој на своја страна, го живеат животот, паѓаат и стануваат, ги живеат своите успеси и грешки. Тука сме секогаш за нив. Но, тука сме и еден за друг.

Жената која ми прави маникир, секогаш се смее кога велам дека мојот сопруг ги забележува новите нокти и ми вели дека тоа е нова убава боја.

Тука сме еден за друг, со сите наши кавги и кризи, сепак да ги ижживееме и малите порази: неземената плата, па и уште една после неа, настинките, грижите за лекарските прегледи.

Кој би рекол дека ќе останеме еден со друг толку долго.  Денес, нашите деца ги нема, но ние сме тука еден за друг. Ние сме двајца луѓе со сосема различни карактери кои совршено се поклопуваат како во некоја неразбирлива  сложувалка. Се нервираме еден со друг постојано, викаме еден на друг, но среќни сме што се имаме.

Семејството е заедница на мажот и жената, нивното взаемно созревање, заедничката грижа за домот и децата. Децата се тука во домот, но тие не остануваат засекогаш. Ние се имаме само еден со друг. Се додека смртта не нè раздели.

air max 90 essential youth